Светска брука на Иванов

Нова голема срамота и приреди на Македонија човекот кој се уште се води како претседагел на државата. Од говорницата на ОН Иванов ги повика граѓаните да ја бојкотираат Македонија и нејзината иднина.

Уште еднаш срамно, невидено за еден претседател на држава, од најсветото место на светската дипломатија Иванов дирекно се вкључи во попречувањето на евроатланските интеграции на својата земја. Тоа злосторство кон сопствениот народ Иванов го направи од истата говорница од која генералниот секретар на ОН Гутереш Договорот меѓу Македонија и Грција го поздрави наречувајќи го крупен чекор напред. Никогаш во историјата на ОН не се случило еден претседател на држава да го омаловажи и навреди својот народ на овој начин отфрлајќи го призанието на генералниот секретар и пофалбата кон неговата татковина. Гутереш вели историски договор како пример како се решаваат спорови , а Иванов повикува на бојкот на Договорот а со тоа и автоматски на иднината на земјата бидејќи тој договор е предуслов за членство во НАТО и ЕУ. Сите државници кои дојдоа во Македонија и тоа ни го кажаа Иванов ги навреди од говорницата на ОН нарекувајќи ги многумина. За него светските државници се многумина на кои им држи лекција.
Во недела треба да се испере овој срам што го трпевме 10 години.

Ерол Ризаов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e