Сугарески: Лажните вести мора да прекинат сега и веднаш

Лажните вести мора да прекинат сега и одма. Со ширење на лажните вести, поединци прават огромна штета на целото население, напиша на својот Фејсбук профил министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Во оваа состојба, кога со сите сили се бориме да го заштитиме јавното здравје, здравјето на сите граѓани имаме и општествена задача, тоа да го правиме заедничи, да си помогнеме еден на друг.
Затоа остро ги осудуваме ширачите на лажни вести, не ги слушајте, не им верувајте, информирајте се само од официјали и проверени канали на информирање. Никој нема да добие политички поени ако брутално го лаже својот народ. Владата и Кризниот штаб ги преземаме сите мерки за да ги заштитиме сопствените граѓани“, истакна Сугарески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e