Сугарески: Барам „да се чешла“ секоја запирка и точка од постапката за продажба на градежните парцели кај “Холидеј Ин”

Гледам дека повторно се актуелизира прашањето на легалноста и законитоста на продажбата на градежните парцели кај “Холидеј Ин”, заради нивно дооформување. Должен сум уште еднаш да потенцирам неколку работи. Прво, јас не сум криминалец и нема да дозволам да се стави ниту една дамка на мојот мандат како Министер за транспорт и врски. Ги охрабрувам институциите во најкраток можен рок да ги испитаат и расчистат сите околности во врска со овој предмет. Барам да се чешла секоја запирка и точка од постапката за продажба. Се е спроведено законски, има позитивно мислење од Државното Правобранителство и целокупната документација беше на слободен увид на сите заинтересирани медиуми и новинари.
100% транспарентност и отчетност!
Второ, добивме уште една потврда за силниот демократски капацитет на СДСМ. Ова што денес го прави Антикорупциската комисија беше незамисливо за време на режимот од 2006-2016. Трето, дали и што ќе се гради на парцелите кај “Холидеј Ин” не е и не може да биде надлежност на Министерството за транспорт и врски, туку на општината Центар која одлучува за висината, ширината и големината на објектите кои ќе се градат. Колку што знам ДУП-от за овој дел од Центар е донесен во 2012 кога ДПМНЕ беше власт и на локално и на централно ниво. Конечно, пред претседателката и членовите на ДКСК, јас и мојот тим ја доставивме целата документација и одговоривме на сите прашања. Не прифаќам и не се согласувам со пристапот да се прават медиумски сензации и да се оцрнуваат јавни функционери без никаков правен основ. Едно е да се утврдат неправилности и незаконски постапки, а сосема е друго да се оценува целисходноста на одредени законски решенија. Ние решаваме предмети согласно постоечките позитивни законски прописи, а не врз основа на лични уверувања и претпоставени идни законски измени. Доколку не е така, ќе беше самовластие! Благодарам на граѓаните кои со денешните пораки потврдуваат дека препознаваат чесна и посветена работа. Тоа ме охрабрува и ми дава сила и понатаму со истата жар да им служам и да ги решавам проблемите!
ФБ статус на Горан Сугарески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e