Студена војна меѓу Бугарија и Македонија

Пријателствата и сојузништвата некогаш за многу брзо време се претвораат во неверојатен антагонизам. Јадрото на сите тие навидум неочекувани пресврти лежи во две основни работи: политиката и интересите. На многу брутален начин тоа го почувствува македонската јавност и сите делови од нејзиниот мозаик (обични граѓани, политички научници, политичари, бизнисмени, невладини експерти) кога сфати дека можната доверба по Договорот за добрососедство не е еднаш засекогаш воспоставена. Бугарија и Македонија влегоа во студена војна 30 години по падот на Берлинскиот ѕид и без оглед што вината на македонската држава е минорна, војната веќе е поставена и со неа треба да се справува.

Многумина од вас, веројатно, знаат како Винстон Черчил, британскиот херој од Втората светска војна, во својот легендарен говор на Колеџот Вестминстер, во американската држава Мисури, на 5 март 1946 година ја опиша Европа десет месеци по крајот на војната. И како сојузниците од големата победа во војната станаа жестоки непријатели во мирот. Черчил тогаш беше прв човек на опозицијата (ги загуби изборите во јули 1945, кога војната беше завршена, од лабуристот Клемент Атли). Овој говор на Черчил ја одбележа целата студена војна помеѓу капитализмот и социјализмот.

Што рече Черчил во Мисури?

„Од Шќеќин на Балтикот до Трст на Јадранот, железна завеса се спушти низ целиот континент. Зад таа линија лежат сите престолнини на античките држави од Централна и Источна Европа. Варшава, Берлин, Прага, Виена, Будимпешта, Белград, Букурешт и Софија, сите овие познати градови и населението околу нив лежат во она што морам да го наречам советска сфера, и сите се предмет во една или друга форма, не само на советско влијание, туку во многу висока и, во многу случаи, зголемена мерка на контрола од Москва…

Темните времиња може да се вратат, Каменото доба да се врати на светкавите крила на науката, и она што сега може да истура неизмерни материјални благослови врз човештвото, дури може да донесе и негово целосно уништување. Внимавајте, велам, времето може да биде кратко. Не дозволувајте да нѐ однесе текот, дозволувајќи им на настаните да лебдат додека не биде доцна. Постои патот на мудроста. Превенцијата е подобра од лекот.

Целата колумна на Љупчо Поповски за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e