Стојко лета во облаци

Идејата на „рамковните“ вработувања не е на оваа влада. Овие (поточно, поголемата половина од нив) сега се справуваат со правните и политичките последици на тој лошо осмислен и спроведен проект, кој без разлика на почетните намери, заврши како државно финансирање на дел од гласачките потреби на ДУИ. Арно, ама, со тие „рамковни“ луѓе, после долго седење дома и примање државна плата, нешто треба да се прави, за целата приказна да почне да добива некаква смисла: прераспоредување, обука, работни задачи… Што било е подобро од ништо, како досега.

Бидејќи Пауновски, именуван функционер од Владата, сето ова би требало да го разбира – дополнително што човек би очекувал одредена социјалдемократска сензитивност за овие теми од некој, како него, кој доаѓа од Тетово – а сепак за прераспоредувањата не сака да чуе, тогаш нешто не „штима“: проектот, директорот, пазарниот инспекторат или целата владина политика? … Знаеме, под Г: „Целата владина политика“, на чело со премиерот, со кого Пауновски директно полемизира, бидејќи му е дојдено преку…

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e