Стеријовска до Силјановска: Наместо да ги дискредитирате граѓаните чија поддршка ја барате, размислете уште еднаш

Професорката само што ги дискредитираше дел од граѓаните чија поддршка ја бара. Вели дека иницијаторите биле поддржувачи на оваа власт.

Тоа е далеку од вистината земајќи во предвид шарената листа на имиња кои стојат позади оваа иницијатива. Таму има луѓе кои коските ги оставиле по улици барајќи социјална правда како Jasmina Golubovska која никогаш со ниедна постапка не го загорзила својот морален интегритет.

Таму е и Ана Кркуљ која е еден од најискрените борци во шарена раволуција без притоа да има било каква намера да гради име или било какви привилегии во има на револуцијата.

Тука се и Тони Попоски, Александар Богоевски, Денис Јанкуловски, Ветиме Шапи – Ивановска, Гудѕим Нугиу, БВладимир Кочовски, Сашко Трајковски, Даниел Шишовски, Владо Димовски и многу други кои ниту се министри, ниту пратеници и членови на одбори. Делегитимирањето на преку 30тина членови а со тоа и нивните потесни кругови само ја потенцира исклучивоста и неподготвеноста за соочување со оние кои не се сигурни и однапрад контролирливи.
Професорке…
Искрено јас на ваше место, дури и да мислам дека дел од овие граѓани денес би гласале за Стево или не би гласале воопшто, не би ја пропуштила шансата да пробам да ги разубедам во искреноста на моите намери.

Имате време уште еднаш да размислите за појавувањето #НеМегдан. Има многумина од нас кои имаат повеќе прашањеа од одговори и вртењето грб на овие граѓани можеби ќе ве чини и мандат.

Ирена Стеријовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e