Спротивстави се ако смееш

Ви пренесуавме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-Eден пријател, Србин по потекло со подолг работен престој во Македонија (во меѓувреме стана и македонски зет), перцепирајќи ги совршено точно сеирџиско-завидливите карактеристики на македонското општество, често ми го повторуваше ова: „Во Македонија ќе ти простат сè, само успех не.“

Веројатно ова е најточната дефиниција на македонскиот бит од дамнина до денес. Веројатно, таа е и најтажниот дел од нашето колективно битисување како нација во обид, од нашето појавување во историјата, па сè до денес.

Серијата „Успех“ на реномираната телевизиска мрежа ХБО, креирана од македонскиот сценарист Марјан Алчевски, несомнено постигна сериозен регионален успех. Иако може да се гледа и како пораз од аспект на тоа колку сме успеале да ги задржиме талентираните луѓе во ова наше парче земја, зашто Алчевски уште одамна заминал да живее, да работи и професионално да напредува во Загреб, сепак успехот на овој талентиран и даровит автор е и македонски успех. Кој, секако, нема никогаш да му го простиме.

 

Колумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e