Спирала на злото

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Катерина Блажевска за Призма:

-Не ја разбирам ВМРО-ДПМНЕ. Најавува дека ќе предложи амнестија за сите учесници во настаните на 27 април. Партијата која постојано критикува дека не функционира правната држава, ќе ја „подобрува“ правдата со свој доброволен прилог – целосна амнестија.

Да се предлага ескивирање на правдата, тоа значи да се овозможи ново зло, кое ќe продолжи дa ја потврдува неказнивоста. Ако некој е невин, треба да му се овозможи тоа да го докаже во тековниот судски процес. Во спротивно, ќе остане впечатокот дека сите биле исти. Дека немало разлика меѓу тие што нарачале и режирале пуч во законодавниот дом, тие што се обиделе да убијат или да скршат нечија глава, и тие што понесени од масата се нашле таму, но никого не повредиле и ништо не загрозиле. А разликата е огромна.

Тоа што кривичното дело е квалификувано како „терористичко загрозување на уставниот поредок“, не може да го злоупотребуваат за тврдења дека обвинетите неправедно се обвинети како „терористи“. За „тероризам“, во класична смисла, има други членови во Кривичниот законик. Овие се обвинети за загрозување на уставниот поредок. И сите оние што не го загрозиле уставниот поредок имаат можност на суд да го докажат тоа.

ВМРО-ДПМНЕ со сите контрадикторни потези, во моментов, забрзано се движи кон дното, што во суштина е добра вест. Само по такво паѓање може да се соземе и да почне да се качува кон излезот од бездната

Или на ВМРО-ДПМНЕ не му одговара таков расплет? Не заради оние што би ја потврдиле својата невиност, туку заради оние кои не би успеале во тоа, а како да се поврзани со неколку важни кабинети во државава, чии претставници кои му ја кројат политиката на Мицкоски и ја мерат лојалноста на останатото членство.

Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e