Сакам особено да им се заблагадорам и на медиумите, на поголемото мнозинство од нив, на новинарите, снимателите, фото репортерите, на сите медиумски работници, за нивниот придонес во оваа наша заедничка борба. Тие се многу значаен фактор во борбата за спречување на ширењето на вирусот, напиша на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
„Продолжуваме да им ги создаваме сите услови да продолжат успешно да ги остваруваат нивните професионални задачи во справувањето со оваа хуманитарна криза.
Точната и навремена информација од официјални и релевантни извори сега е исклучително важна“, истакна Спасовски.