За обновата
И Хитлер ветувал обнова на Германија.
Ветувал дека ќе ја исправи скршената кичма на германскиот народ од капитуланскиот договор во Версај.
Ветувал враќање на националното достоинство.
Говорел за нацинална пониженост и потребата од распалување на огнот.
Сето тоа го пакувал со фрази за полна вработеност и успеси на секое поле.
Ветувал дека ќе ги стигне одмаздата тие што и нанеле срам на Германија.
И многумина, дури од германските Евреи му поверувале.
Подоцна кога виделе на што мисли веќе било доцна.
Подоцна веќе никој не смеел да каже дека Германија не се обновува, додека целосно не била уништена.
Се почнува со наивна приказна за големината на својот народ кој е понижен, кој треба да се исправи и да се одмазди за неправдите.
Се почнува со верувањето во некој “спасител” со чудотворна моќ кој вежбал пред огледало клекнување на колена пред народот па исправање и други ритуали.
Се почнува со верувањето во “славната историја” на својот народ во која тој го победувал и најсилниот непријател.
Свестувањето од тоа е бавно и болно. И затоа се важни гласовите што предупредуваат. Гласовите што велат. Внимавајте само да не биде предоцна. Во истот чамец сме на отворено море.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов