Спасов: За Комисијата со Бугарија

За Комисијата со Бугарија
Не е фер да се каже дека тимовите во комисијата од Македонија и од Бугарија се еднакво одговорни што немало значителен напредок.
Тимот на комисијата од Бугарија барал (според медиумите)да се брише придавката “македонски” а тимот од Македонија не го прифатил тоа.
Водачот на тимот од Бугарија во комисијата Ангел Димитров уште пред последниот состанок на комисијата го обвини македонскиот дел од Комисијата дека бил дел од “длабоката држава” односно работел против интересите на својата земја и изнесе други навреди и клевети на сметка на оние со кои треба да преговара. Водачот на тимот од Македонија само му одговори дека тоа што го кажува не е точно не е фер и не е коректно.
Тимот во комисијата од Бугарија работи според политички инструкции добиени од усвоената Рамковна позиција на Владата на Бугарија и според политичката инструментализација на историјата со усвоената Декларација од страна на бугарскиот парламент.
Македонскиот дел од комисијата инсистира на академското и научно ниво во расправа околу историските факти без мешање на политиката.
И затоа не е фер да се каже дека нема напредок во работата на комисијата заради вина на двете страни во неа.
Не е фер кон членовите на комисијата од наша страна кои се борат витешки и кои заслужуваат големо почитување.
ФБ статус на Горѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e