Спасов: Роденденот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се укине како државен празник

Поранешниот дипломат и министер за правда Ѓорѓи Спасов, на фејсбук статус порача дека ВМРО-ДПМНЕ додека беа на власт го прогласија роденденот за партијата за национален и државен празник, а денес е време да се укине.

-Роденденот на партијата, додека беа на власт си го прогласија за национален и државен празник. За да не изгледа толку апла, празникот го нарекоа Ден на револуционерна борба, покрај жив 11-ти октомври. Денес кога сите нивни манипулации станаа јасни како ден, ние како земја се уште го славиме тој измислен празник во стилот “сите сме ВМРО”. Вечерва во МНТ прослава прави сепак само ВМРО ДПМНЕ на која главен говорник е Христијан Мицковски пред неговите “браќа и сестри”. Се согласувам дека треба да им се гледа низ прсти. Делуваат многу тажно и депримирано по гласањето во Собранието. Но, време е овој празник да се укине. Тој дели, не обединува. Тој е измислен од режимот кој беше убеден дека може целата историја да ја преправи и да не натера да го славиме било кој датум што тие ќе го определат за државен празник, како што по наредба и Денот на дрвото беше неработен ден, пишува Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e