Спасов: Проработи коалицијата меѓу Ахмети и Груевски

Плачковци

Проработи коалицијата меѓу Ахмети и Груевски.
Бујар Османи истрчува да соопшти дека бојкот на изборите од ВМРО ДПМНЕ ќе доведе до институционална криза која потоа ќе прераснела во политичка па во брбедносна и на крајот ќе ги загрозела евроинтеграциите. Затоа тој е за изнаоѓање компромисно решение или да се одложуваат изборите додека не се смилува Мицковски да каже датум.
Откако Мицковски рече, како на онаа кокошка од вицот, дека му се потребни да сврти само уште два круга пред да легне под петелот, за тој да не ја смета за “радодајка” и конечно прозборе за датум, се јави вториот талент Дерковски.
Тој не ги признава уредбите со законска сила на Владата, според кои избори треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, односно на 5ти јули, туку му е потребен датум за избори што ќе го определи Талат Џафери.
Така излегуваат на површина ситните пакости и старите шеми.
Не сум сигурен дека во такви околности ќе биде можно да се одржат избори на 5ти јули.
Можеби е подобро СДСМ да побара продолжување на вонредната состојба за една недела и на 13. Јули ( сабота) да гласаат војниците и болните на 14ти (недела) да гласаат лицата во изолација од Ковид и на 15ти понеделник да гласаат граѓаните.
Со плачковци како овие од ВМРО и со партијата која го “оствари свој сон” да го има Талат Џафери за претседател на Собранито, не вреди многу да се инаетиш.
Тие се влезени во филмот за Албанец премиер и од Будимпешта можеби веќе добиваат јасни инструкции.
Соништата и “грижата”за здравјето на граѓаните им се само маската зад која се кријат многу користољубиви цели.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e