Јас како власт
Некој што не е власт изјавил:” Јас како власт не би се осмелил да ја укинам пржинската влада се додека опозицијата нема доверба во изборниот процес.
Истиот тој има кажано и: “Јас да сум на местото на младите исто така би ја напуштил Македонија”.
Или јас да сум член на Комисијата за историски прашања со Бугарија веднаш би го решил проблемот околу недоразбирањата за тоа чиј е Гоце Делчев”
И никако да му текне да каже на пример:” Јас да сум претседател на државата и најголемата опозициона партија да ги замрзне односите со мене јас би си поднел оставка на функцијата”.
Ама тоа е опасно.
Полесно е да кажуваш јас да сум млад, па јас да сум власт и јас да сум на некое место кај што не сум и кај што други имаат свои надлежности и свои причини да постапуваат така како што постапуваат.
А што се однесува до техничката влада таа по изборите во 2016 се покажа како бесмислен абсурд и затоа сите партии и лидери што се надеваа дека ќе победат на изборите, јавно ветуваа дека ако победат ќе ја укинат како механизам кој се покажа дека не ја смалува туку ја зголемува недовербата меѓу партиите. Да беше добар тој механизам ќе бараа партиите да постои и за време на локалните и за време на претседателските па освен технички премиер ќе имавме и технички градоначалници и технички претседател на државата, бидејќи само “техничари” ќе обезбедеа сите избори да бидат фер и сите што ги губат изборите да ги прифаќаат изборните резултати и изборниот пораз без да ги обвинуваат победниците дека нешто злоупотребувале.
Укинувањето на пржинската влада беше и изборно ветување на сите партии. И затоа ова “јас да сум власт” звучи како “јас да сум власт не би го почитувал своето изборно ветување”.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов