На ниту еден начин не сакам да ја релативизирам сериозноста на оваа пандемија и масовната психоза во која влезе светот заради ширењето на корона вирусот. Тоа е така бидејќи луѓето, генерално, многу повеќе се плашат од „невидлива“ закана, од опасност што демне „од никаде“, по себе и по најблиските. Пред таквите закани луѓето се чувствуваат сосема беспомошни, како да се борат со двете раце „врзани зад грбот“ и очекуваат дека ДРЖАВАТА е таа што треба системски да ги заштити, ако треба и со војска на улица.
Заради таа масовна психоза и притисокот врз здравствените системи, сите држави прогласуваат вонредни и кризни состојби со вирусов. Впрочем, мислите дека е можно – вклучително и во Јапонија! – да се откажат Евровизија, Олимписките игри или изведбата на повеќемесечните репертоари од Бродвеј до МНТ, а и да дојде до недостаток на тоалет-хартија од глобални размери, заради опасната „епидемија“ на гинење по купатила?!
Сепак, добро е работите да се стават во контекст. Не ширете паника затоа што триесетина дена ќе морате да се дружите со децата или со родителите, можеби и повеќе од тоа што сте го правеле со нив, збирно, во последните десет години. Тоа ви е како кога ја сфаќате важноста на струјата само кога ќе снема светло.
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.