Смилков со лекција до Трипуновски за интервентната мерка за помош на откупена зелка

цветко министер у покушај трипуновски толку е изгубен у време и простор што тоа веќе е загрижувачки.

МЗШВ денеска објавува дека е доставен предлог за Интервентна мерка за помош на откупена зелка од 1ви до 30ти април, за да после некое време цветко се јавува со статус дека победил, односно неговиот прес кој го држеше порано во текот на денешниот ден го натерало МЗШВ да ја направи мерката.

Овде загрижува податокот дека цветко кој цел живот работи во државни институции поготово во сектор земјоделство (како државен советник на министер чија улога е да предлага мерки, па пратеник кој носи закони, директор на земјоделски инспекторат) нема благе веза од тоа како се сработува и предлага мерка. Малку да се вклучеше во работата на министерството наместо да држи празни партиски прес конференции, нема да му се смеат земјоделците и колегите од МЗШВ денеска. Он мисли тоа му се пари оставени од наследство па кога му текне си носи мерки.

Не цветко, за да ти биде појасно и да не се срамуваш како на едно од телевизиските гостувања кога министерот Трајан те учеше што е тоа ИПАРД, зошто ти не знаеше да бекнеш, ќе ти ја објасниме постапката.

МЗШВ на 23ти април четврток, по претходни консултации со земјоделците го изготвува предлогот за Интервентна мерка за откупена зелка. На 24ти април е прикачена на системот е-Влада, каде што цветко ја има видено предлог мерката на МЗШВ( па во стилот на мицко, денес брзаше да одржи прес во кој ја предлага истата мерка) на разгледување и добивање позитивно мислење од МФ, СЗ И АФПЗРР(цветко ако не ти се јасни кратенкиве пиши ќе ти ги објаснам) што претставува стандардна процедура за носење на било која мерка што ја носи МЗШВ. Да напоменам дека пред да се усвои на Владина седница, мерката треба да се усогласи и добие позитивно мислење од горенаведените институции.

Денеска, додека цветко држеше прес, мерката не само што беше изготвена туку и веќе ги имаше добиено позитивните мислења од соодветните институции и веќе утре да биде предложена на Владина седница на усвојување!

Морам уште еднаш да потенцирам дека страшен и загрижувачки е фактот дека цветко, целиот свој или најголемиот свој работен ангажман му е во државни институции во секторот земјодеслтво, да нема основно познавање како се предлагаат и носат мерки!

Ова е уште еден доказ за безидејноста на вмро, за нивните очајнички обиди за манипулација на земјоделците, кога се фалат со веќе сработено и донесени мерки!

*цветко ова ти е бесплатна лекција. И гратис добиваш уште еден добронамерен совет: Батали администрација не се снаоѓаш. Држи се до тракторот.

Круме Смилков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e