Следниот митинг на велосипеди

Ви пренесуваме дел од мајновата колумна на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ следниот партиски митинг треба да го одржат на велосипеди и на ролерки, гарант ќе имаат поголема посетеност отколку што беше оној дебакл во саботата пред владата. Доказ за тоа видовме утредента, во неделата, кога младите со велосипеди и ролерки масовно ги наполнија улиците со убав свет во централното подрачје на Скопје, додека комуналците се уште го чистеа сметот што го оставија зад себе митингашите. На еден вака организиран хепенинг против загадувачите и ограбувачите на Македонија, сите ленти на „Партизанска“ од центарот, па до „Ѓорче Петров“ и назад, ставам две раце во оган, ќе бидат полни со близу 50.000 луѓе, според квадратурата на просторот, што може да даде пак погрешна слика, бидејќи ролерки, велосипеди и арамиското гнездо на ВМРО-ДПМНЕ се неспоиви и никако не одат заедно. Не може да се изедначува 21 и 19 век во ништо. Блиски Исток и Балканот колку и да се слични припаѓаат на два континента. ВМРО-ДПМНЕ силно влече накај Исток, а ролерките и велосипедите возат на Запад.

Од мостот „Гоце Делчев “ до раскрсницата пред владата во должина од 200 метри и широчина од 40 метри одвај собира 15.000 луѓе, ако се набиени како сардини во конзерви, од кои околу 10.000 беа донесени со 250 автобуси. На тој простор, каде што сите партии лажат за големината на своите митинзи, во саботата се одржа катастрофален строго партиски митинг, иако беше најавен како сенароден, главно со следбеници кои уште не разбрале дека ВМРО-ДПМНЕ е музејски експонат, восочна фигура од времето на груевизмот. Што мислите зошто ниту една политичка партија не го бара градскиот стадион каде што ќе може да се одржи величествен и голем, добро озвучен митинг. Одговорот е многу лесен, на стадионот има недостижни 38.000 седишта. И целиот терен сосе трибините да се наполни не може да собере 50.000 луѓе.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e