Едно е да слушаш на телевизија и да читаш по интернет каков е проблемот со бездомните кучиња во центарот на градот; друго е тој чопор од грди џукели – ги имаше петнаесет, дваесет, триесет – да го видиш со свои очи! Неверојатна глетка! Оптегнати на штедрото ноемвриско сонце, дрско се сончаат на сред шеталиштето, додека не решат, во здивена глутница, да му се вдадат на некој несреќник на велосипед… Тогаш настануваат панични сцени – на комплетна фрапираност од преплашените турски и кинески групички на туристи, изгубени во македонскиот простор и време – како од некоја холивудска филмска дистопија, како да се снима ново продолжение на „Лудиот Макс“ среде Скопје.
Не само што заканувачки и запенавени лаат како пуштени од синџир (што и се), туку и гризат, апат. Како вистински сајбии на тој јавен простор. Луѓе – деца! – бегаат, врескаат, се бранат со зембили и чадори… Кинезите, тие песји гастрономи, сликаат ли сликаат.
Добро, ако сте сè уште во овој текст со мене, мислам дека доволно вознемирувачки и илустративно ви го опишав проблемот.
Чаре, спас, решение…?
Веројатно ќе се согласиме дека најевтиниот и најефикасен начин за справување со ова акутно загрозување на јавната безбедност – отров, куршум, стап и сл. – не прилега на цивилизирано општество.
Koлумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.