Синадиновска: Стево ќе ја има најлесната и најтешката задача на свет – да биде подобар од Иванов

СДСМ доби Претседател поддржан од партијата, но доби и јасна порака од граѓаните што мислат за нивното владеење. Народот добро знае на каде е тргнат и кои се чекорите натаму и затоа е и оваа поддршка во вториот круг, со јасен став дека големата слика, за која милува власта да зборува, ние ја гледаме подобро и од нив, но и дека тоа алиби е веќе потрошено, токму на ова гласање. Граѓаните никогаш не се “закануваат” напразно. Сега, бујрум.

ДУИ продолжува да креира штетна политика. Просто згрозува она бесмислено ликување на Артан Груби демек ДУИ во оваа држава бирале претседатели, премиери, тие се постојани победници и клучниот фактор на политичката сцена. Прво, во случајов тоа воопшто не е точно (видете си математики), второ демонстрира една невидена неодговорност и незрелост, дијаметрално спротивна од едното општеството за сите, во кое демек коалицираат идеолошки.

ВМРО – ДПМНЕ е изгубена концептуално, квалитативно и суштински. Таа партија, што не може да се одлепи од оној чијшто култ се следи секташки, не е и не може да биде никаква опозиција. Видете ги, не умеат да се борат чесно, не умеат да бидат државници, да тргнат државни интереси од партиски, да разграничат напад кон Владата од таков кон татковината, не умеат ни да честитаат. Резултат – нема поголема поддршка за власта од нив, а истовремено и нема поголеми штетници за државата и за сите процеси.

Стево Пендаровски? Стево ќе ја има најлесната задача на свет – да биде подобар од Иванов. И да, Стево ќе ја има и најтешката задача на свет – да биде подобар од Иванов.

Фб статус на Катарина Синадиновска 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e