Што е заедничко помеѓу 5G и мигранти?
Протест против корона? Како? Против што?
Ќе протестирале против вакцини, мигранти, пандемија и друго…?
И “друго” значи? И “друго”? Топтан…
Нема ниту еден вистински одговор на прашањето зошто никогаш нема да се разбереме со овие групи, освен единствениот логичен – не’ делат векови.
Сме мислеле можеби дека е, но разликата помеѓу нас не е идеолошка или статусна, дури ни културна или образовна… просто мора да сведочиме на постоење на некаков паралелен универзум и остатоци од некое друго време.
Судир на светови!
Идеално (мировно, се разбира) решение би било да си го поделиме светов, на некои континенти тие, на други ние, па нека живеат согласно верувањата слободно и без да загрозуваат (и згрозуваат).
Така поделени ќе си ги уредуваме сопствените светови, ние во овој век, тие нека си изберат во којшто сакаат, а внатре ќе си пегламе разлики за различни теми, не е тоа спорно.
Оти само за ова очигледно компромис нема и нема да има – поделбата на тие кои сме од сега и од овде и оние кои тоа не се.
ФБ статус на Катарина Синадиновска