Јазикот не трпи политиканство и математика.
Не трпи евтин популизам за еднократна употреба.
Не му е гајле за напади од страна на разни негатори, провокатори и слични примитивни облици.
Тоа се некакви препелкања во калта, премногу долни за воопшто да може да стасаат до височините на неговата благородна мисија.
Јазикот просто е душата на еден народ и треба да се чува и да се негува со многу љубов, ама и со работа и посветеност (!).
Низ институциите на државата, низ медиумите, низ училиштата, но и по улиците и многу важно – во домот.
Со грижа за катедрите низ светот, со почит за лекторите и корекција на нивните навредливи плати.
Со силни реформи во образованието, воопшто.
Нашиот фокус (и секогаш и сега) треба да бидат првенствено овие прашања.
Јазикот е наше и право и обврска!
Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик!
ФБ статус на Катарина Синадиновска