Третина од одлуките што ги донеле колегите од Комисијата (откако е прогласена вонредна состојба) се однесуваат на неточни и непроверени информации и сензационализам, што е навистина поразително во вакви услови кога јавниот интерес мора да биде над се’ .
Што се однесува до говорот на омраза и во текстови и на социјалните мрежи, повторуваме дека тоа не е само прекршување на новинарските стандарди, туку е кривично дело и тука првоповикани се органите на државата кои мора да реагираат!
Уште еднаш апелираме – медиумите да известуваат согласно Кодексот, а државата да си го сработи своето таму каде што има надлежности.
ФБ статус на Катарина Синадиновска