Навистина е тажно што една од најголемите и најважни државни цели ја исполнуваме во вакво време – невреме.
Сепак, далеку е потажно што малтене до пред да “букне” пандемијата, многу “мудреци” анализираа како ова членство е неизвесно и како “не бива ништо од таа работа”, не со нагон да упатат критика, не со нагон навистина да не биде (тоа е чесен пристап, на оние кои се отворено против концептот на Алијансата и тој пристап го почитувам), туку со една необјаснива злорадост, што не може да се смести дури ни во политичко профитерство. Просто една необјаснива жед за деструкција и неуспех.
Истата деструктивна енергија се чувствува и сега, во поставеноста кон маката со вирусот што не’ снајде и нас и светот, во поставеноста кон европските интеграции (не дај боже сега и одлука од Советот да добиеме , кон сите теми “што живот значат” за ова општество. Немам одговор од каде извира ова, ама убедена сум дека е подлабоко од проста математика.
Дечки, на евроатлантските интеграции Македонија потроши 30 години.
Три децении во време, пари и човечки потенцијал.
Ок е да кажете едно “браво” за земјичката, ок е да се израдувате.
Пробајте, еланот и ведрината навистина се заразни, ама не се секирајте, ниту болат, ниту убиваат!
Честито татковино !
ФБ статус на Катарина Синадиновска