Парадоксот на овие избори не е идиотскиот концепт на вмро-дпмне и на неговата кандидатка, туку фактот дека таа злосторничка инсталција воопшто учествува во претседателската трка.
Капиталната грешка на сдсм и на Пендаровски е во тоа што учествуваат во “нормална” дебата со личност и со организација со која не би смееле да седат во иста кафеана или блиску да се разминат на улица, ако не сакаат да бидат обвинети за соучесништво во најголемото можно злосторство.
Силјановска на овие избори е како претставник на Ал Каеда на првите американски избори по 11 септември 2001 или како Абделслам да ги претставува Жолтите елеци на следните претседателски избори во Франција.
Па уште и со програма за спас на Америка и на Франција од тероризмот.
Тие елементи, обаче, ги нема во медиумскиот простор, кој е окупиран со тотално искривено, всушност форсирано нормализирачко видување на конфликтот меѓу сдсм и вмро. И на тој конфликт како тема која исцрпува се живо и диво.
Тоа се вика окупација во една слика која секој божји ден се пофторува на илјада окупирани телевизии, портали, весници и тацибои.
Целото општество, неговата елита повеќе, а не помалку, учествува во овој театар, без чие уривање, нема решение за Македонија.
Вмро е блиску до својата идеална антимакедонска глупоќа, додека сдсм е далеку од нормалноста која треба да ја артикулира.
Тоа е проблемот.
И, на крајот, пред да им посакам успех на Пендаровски и на Македонија, всушност, на сите нас, една реплика на ставовите дека прво требало реформи, па членство во ЕУ.
Тоа звучи така логично и праведно.
Но, во случајот со Македонија, таа категорична поврзаност на нештата е нереална и дури би рекол невозможна. И опасна. Без Европа нема реформи во Македонија, а многу веројатно дека нема да ја има и Македонија. Европа може да ги управува процесите во Македонија во свој интерес само ако ја држи Северна на својот вредносен и безбедносен синџир. Значи преговорите се реформи и тие треба да почнат час поскоро, а контролата на длабочината, на темпото и на квалитетот на реформите, Унијата ја има во секое време. Се друго е стимулација на ретроградните процеси и отворање на фронтови кои на Европа во овој момент и се накмалку потребни.
Бранко Тричковски