Ви пренесуваме дел однколумната на Ерол Ризаов за Независен:
-Многу ми се допадна изјавата на професорката по уставно право и наш познат општественик и политичар, Гордана Силјановска-Давкова, на стартот од својата кампања да стане вмровски натпартиски кандидат за претседател на државата: „Јас сум Јанус со две лица, едното е научно, од тоа не отстапувам и кога критикувам тргнувам од професијата. Другото лице, политиката, се разбира, политиката бара повеќе реалност“, вели за „Независен“ Силјановска.
Прекрасна мисла, просто човека го остава без зборови. Автентичното толкување на оваа боговска позиција кажува дека другото лице на професорката не се однесува на тоа дека реалноста во политиката е над науката туку дека може, но и не мора да се земе предвид науката во политиката во зависност од тоа дали во тој момент повеќе одговара да сте научник или политичар. Тоа Силјановска го појаснува генијално – дека некогаш не треба да се прават компромиси на штета на владеење на правото.
Целата колумна на следниот ЛИНК.