Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:
-Цела недела по референдумот ја слушам реченицата „што ти кажав јас“ како увод во сите разговори на најзначајната тема во земјата. Се намножија едно чудо генерали по битката, експерти од сите видови кои навреме предупредувале, ама немало кој да ги слушне.
Правни аналитичари и уставобранители ја толкуваат секоја точка и запирка од преспанскиот договор и ликуваат колку биле во право. Парадираат стари и нови откривачи на неправдите што ѝ се нанесени на Македонија, од Грција и од големите сили, од Америка и од ЕУ. Читаме прецизни адреси кој каде згрешил, колку е мртов или жив договорот со Грција. Веќе има едно чудо гробари и оживувачи на мртовецот. Се објавуваат на столбот на срамот на социјалните мрежи списоци на предавниците со име и презиме. Сите се повикуваат на народот, сите неизмерно ја сакаат Македонија, толку силно што веќе ја задушуваат.
Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.