Што се граничи со чистата глупост?

Непогрешниот молекуларен тест на Тричковски даде резултати: пациентот е позитивен, Македоња е ваистину позитивна на вирусот на глупоста на вмро! Во светло на оваа вест ќе го повторам прашањето, со напомена дека се можни повеќе решенија: што е тоа што се граничи со чистата глупост?

Во рефлексивната осаменост на планетарниот карантин, многумина се потсетија дека големите несреќи во историјата неретко ги поттикнувале и големите промени, ги зазориле новите зори на надеж и ги породиле новите движења и разбирања на светот. Но, рака на срце, во она „неретко“ повеќе е вткаена желбата да се изнајдат позитивните крајни исходи на природните или од човека создадените катастрофи, отколку што тоа го раскажуваат историските факти.

А, кога сме кај чистата глупост, како човек да не ја спомне Македоња Норд и најефикасниот агент на глупоста во земјава – вечната вмро? Со задоцнување ме состигна веста дека МВР поднело до Основното јавно обвинителство кривична пријава против Тричко поради кривични дела на „загрозување на сигурноста“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, поради статус објавен на социјалната мрежа Фејсбук ?! Офлелемајко, човек да не верува дека и во овие траорни мигови Македоња се бори за светски примат во глупоста?

Целата колумна на Мирослав Грчев за Слободен печат прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e