Што ќе пишува на споменикот на Заев?

Дека царскиот режим во Бугарија ѝ се придружи на фашистичката оска за време на Втората светска војна е неспорен историски факт. Дека нема народ кој може, а уште помалку треба да биде доживуван и именуван како „фашистички“, „комунистички“, „социјалистички“ или „демократски“, е уште помалку спорен историски, а и здраворазумски факт. Инаку, Германија не би можела денеска да биде една од најдемократските држави во светот, а го „породи“ најтоталитарниот режим во историјата на модерната цивилизација, токму пред и за време на таа Втора светска војна.

Од друга страна, формулацијата „бугарски фашистички окупатор“ е синтагма која е прецизна во своето значење: таа не имплицира дека бугарскиот народ е „фашистички“, туку дека бугарската држава, приклонета кон фашизмот, ја окупирала територијата на Македонија за време на Втората светска војна.

Во што е, тогаш, проблемот?

Историчарот Петар Тодоров, кој гостуваше во петочното издание на „Утрински брифинг“ најсистематизирано и прилично лапидарно ја сумира целата обновена дебата за нашите односи со Бугарија. Прво, вели Тодоров, има многу поважни теми за кои треба да разговараме. Второ, во нашата држава ние многу лесно (и во минатото и денес) се расфрламе со поимот „фашизам“ и таму каде што не му е местото (што би се рекло, и за „домашна“ идеолошка потреба, а и за „меѓународна“ употреба). Трето, во Бугарија постојат сериозни дебати (не дневно-политички и не политикантски) дали Бугарија била или не била „фашистичка држава“ за време на Втората светска војна, со оглед на тоа што, во тоа време, од 1934-1944 година владее беспартиски, авторитарен царски режим, а на тамошната политичка сцена имало десетина политички формации кои се поистоветувале со германското или италијанското фашистичко движење, од кои некои биле и дел од царската власт. И, конечно, според Тодоров, за Бугарите денес не е толку голем проблем дали, во синтагмата „бугарски фашистички окупатор“, ќе бидат именувани како „фашистички“ – туку многу повеќе дали се претставени како „окупатор“.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e