-Ќе беше убаво и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да направеа предизборна коалиција со некоја партија од другите етнички заедници и да бараа глас и поддршка од сите граѓани на Македонија, а не само од припадниците на својот „етнички блок“
ДУИ може себе да се нарекува Демократска унија за интеграција, како што ВМРО се нарекува Демократска партија за македонско национално единство, но со нивната желба македонското општество да остане поделено во етенички политички блокови и само победниците во тие блокови со својот монопол во претствување на политичката волја на својата етничка заедница да можат да бидат еденствени легитимни претсвници во власта, реално не работат ниту за интеграција ниту за национално единство. Тие само го отежнуваат процесот за внатрешното интегрирање на Македонија и го одржуваат концептот на етнички поделено општество со кое ќе владее неговата етнократија. А ќе беше убаво и тие да направеа предизборна коалиција со некоја партија од другите етнички заедници и да бараа глас и поддршка од сите граѓани на Македонија, а не само од припадниците на својот „етнички блок“. Блоковите секогаш воделе само до блоковска политика.
Колумната на универзитетскито професор Ѓорѓи Спасов за Независен на следниов ЛИНК.