Шо чест си дозволија ,,големите некогашни имиња” на мојата СДСМ, да бидат наслови во курир, инфомакс, плусинфо, опсервер, експрес, нетпрес….. Уште еднаш сами си го потврдија нивото и квалитетот. А, кога беа функционери, исклучиво салонски функционери, не се стигаше до нив. Ако беа способни социјалдемократи, грујо немаше 11 години да ја разнебитува државата и институциите во неа, за да сега Заев по сите основи и аспекти неуморно работи за да ја врати довербата во неа.
Не Стојко, вие пуштате рогови и тоа секогаш кога мислите дека можете да го шамарете тој кој деноноќно се труди да ги решава наталожените децениски проблеми.
Знаеме, вашето ,,роговадење” не е случајно….
Вадете ги слободно сега, оти тогаш кога требаше – ги немавте, а сега можете оти тој ви ја овозможи таа слобода.
Ама барем треба да сте свесни оти ич не недостасувате….. седете си таму под јорганот и доста дробевте трици. Не сте дури ни’ кадарни да ги прикриете намерата и ,,способноста”, за да го онеспособете најспособниот од сите вас.
Ве оставам во не толку вичната историја на СДСМ, ви посакувам здравје и секако да не ,,си пукнете од мака” оти местото ви го заземаа тие што 100 пати се поспособни од вас.
Мирјана Јанева