Шекеринска: Ова повеќе не е земја во која говорот на омраза се толерира

Кога се немаат аргументи, настапува говорот на омраза. Но, ова повеќе не е земја во која говорот на омраза се толерира.
Овa e еден од многуте примери на тоа што може да ѝ се случи на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата: навреди за неа и нејзините блиски, ејџизам, клевети, коментари за нејзиниот љубовен живот и закани во приватни пораки. Сигурни сме дека она што го проживува Богданка Кузеска во моментов е само почеток на родово базираниот говор на омраза кој ќе го посведочиме во предизборниот и изборниот период. Фактот што една жена има јавна функција, на никој начин не е изговор за нејзиниот приватен живот да биде споделуван, коментиран ниту осудуван. Даваме поддршка на Богданка Кузеска и будно ќе го следиме изборниот период. Нула толеранција за родово базиран говор на омраза.

ФБ реакција на Радмила Шекеринска по повод говорот на омраза кон портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e