Најубави мои, почна кампањата за изборите, на кои ќе избереме кој ќе не претставува и води во наредните 4 години, во време полно предизвици.
Јас мојот избор одамна го направив, и сум цврсто определен.
На страна на нормалноста, наместо лудилото.
На страна на заедништвото, наместо поделбите.
На страна на љубовта и солидарноста, наместо омразата и насилството.
На страна на еднаквоста, наместо гледањето на граѓаните во први, втори или трети редови, нивно делење на еднакви и поеднакви.
На страна на правдата, а не на криминалот и апашлукот.
На страна на консолидирање, модернизирање, функционалност и транспарентност на системот, а не на бирократизирањето, партизирањето, криењето и јавашлукот.
На страна на напредокот, слободата, еднаквите можности и шанси за сите нас, без оглед на нашите припадности и определби.
Тие шанси и иднината се создаваат преку гласачката кутија. Ако не си ги создадеш сам, ќе ги трпиш последиците на туѓите одлуки и на сопствената неодлучност. Јас избирам да учествувам во кроењето на сопствената судбина и иднина. Се надевам и вие. Со среќа на сите во кампањата и на 15 јули!
ФБ статус на Петрит Сарачини