Сергеј носи Прада!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Четири млади мајмуни – од оние 25-годишници со теретански тестостерон, наместо мозок, во главата, и тетоважи, се претпоставува, по целото тело – некни упаднале во 1ТВ во намера да го најдат и физички да се пресметаат со Сергеј Варошлија, ултимативниот телевизиски евангелист на македонската модна сцена.

Прво, имале среќа што не налетале на мене таму, бидејќи гарантирам дека, со оглед на моите општи димензии, како тетрис ќе се заглавевме на тесната влезна врата на телевизијата, а потоа не би можел да им ветам дека од таа деликатна физичка кунг-фу-панда ситуација сите ќе излезевме со исти телесни пропорции! (Добро, добро, јас сигурно најмногу ќе го окркав, ама ќе земев еден-двајца од четворицава со мене на душа, па кому му се паднала среќата тој ден…)

Второ – само четворица напумпани насилници за Сергеј, сам?! Уууу, што храброст се беше покажала! Па, човекот неконтролирано мафта и со стилето и со сабја, плус онаа штикла за која во секоја правна држава би се издавала дозвола за поседување и носење! На мустаќите ќе ги наденел и ќе ги пукнел како црните балони на лошиот моден вкус додека кажале долче-и-габана! Ви велам, тој ден четворицава јорган-јунаци навистина имале среќа, ај што мене не ме затекле, туку што и со Сергеј се разминале…

Трето, разбирам дека нечие женско срце е веројатно скршено, дека нечија сестра или девојка можеби и некоја солена солза пролеале… Ама, па, кој ги тера да се сликаат пред огледало, да се прчат и трткаат со усните и задничињата на зајдисонце, или од свадби и матурски прослави да покажуваат што купиле на распродажба во Космос, послани по фејсбук и инстаграм како да се во модна месара на Битпазар, секој да ги види и да ги пазари?!

Тоа е тоа, во глобалното село на интернет или си следната сестра Кардашијан или ризикуваш (некој) Сергеј да ти го симне, да речеме, модниот скалп! Тоа е цената на малограѓанската потреба да се види и да се биде виден, а да не се прочитаат ситните букви на изгубеното право на интернет приватност кога ќе се залепите како мува на ѕидот на она што една пријателка со право го нарекува (само за 18+) видете-ме-ебете-ме!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e