Венко Филипче, сепак, после сите премрежја, а богами и целиот здравствен кризен штаб и сите останати институции, докторите, епидемиолозите, сестрите, полицијата, војската, добиваат од нашите граѓани високи 78 проценти доверба. Тоа е важно да се слушне, затоа што репресивните мерки ги хендлаа одлично во корист на здравјето на граѓаните.
Имаше и едни други, кои сакаа таа епидемија да се рашири, а потоа, предвидливо – како што правеше цело време неодговорната опозиција – да ја обвинат владата, да го обвинат Заев за некомпетентност, и со тој адут да влезат на следните избори.
Поминуваме, имено, низ оваа епидемија релативно безболно, релативно со мали последици, што на многу опозиционери овој рејтинг не им одговара. Сепак, да бидеме фер: секоја чест за Филипче и сите здравствени работници. Луѓето се однесуваа лавовски. Тоа да не’ се каже така, е апсолутно злобно и неодговорно.
Ненад Јовановиќ