А сега, нешто комплетно различно…

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Заради целото сегашно континуирано и жестоко инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ судирот со сегашната власт во најголем дел да се сведе на персонална конфронтација со „ликот и делото“ на Зоран Заев (моментно, суверениот носител на највисокиот политички рејтинг во државата), мене на ум ми доаѓаат неколку заклучоци кои е добро сега, пред летните одмори, да се споделат во јавноста, ем да ни биде забавно исполегнати по должина на плажите по разни морски широчини, ем отсега да се разбере налетот на уште понепријатната лична „црна кампања“ за Заев што му ја подготвува опозицијата за на есен.Имено, мислам дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на принципот: „Како што тој нас нè сруши од власт, така и ние со иста мера и со исти методи ќе му вратиме нему!“ (Ова, ме уверуваат моите вмровски извори, Груевски веќе го зборува наоколу низ партијата…)

Тоа значи дека од есеноска ќе можете да очекувате објавување на вмровски „бомби“ кои ќе се однесуваат на Заев и на неговата партиска и приватна околина. Да се потсетиме, прислушуваните разговори предадени на СЈО веројатно ги  поседуваат (противзаконски, се разбира, но кој гледа на такви дребулии сега!) во најмалку уште една копија и оние кои ги правеле. Двајцата обвинети, па пребегани високи функционери на МВР веројатно и со таа „роба“ го истргуваа своето ослободување од страна на Врховниот суд во Грција, за што таму ќе им следува и политички азил (а овдека, во нормални околности, би им следувале нови обвиненија и за велепредавство).

Но, упатно е да се претпостави дека некаква копија од таа „банка на прислушувани разговори“ постои и во Скопје, вон СЈО. Впрочем, во претреси на станови пред неколку месеци СЈО веќе одзема нови стотици илјади разговори кои претходно не ги поседувале (?!). Затоа, сосема е веројатно, кога веќе си постојат, такви материјали повторно „да се стават во употреба“ кога за тоа некому ќе му се види политички опортуно, и тоа не само на ниво на поединечни валкани рекетирања (како што тоа се обидува да го прави еден џган од скопскиот криминален полусвет), туку и за поамбициозни политички цели.

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e