А сега малку по дома

Kалдрмата на некои улици во центарот на Софија сѐ уште си носи дамки како спомен на македонското национално „единство“ и на битка на разните фракции и расколи во ВМРО. Првиот половина век од формирањето на организацијата, таа пали и жари, да не речам „владее“ зашто формално владеат туѓи султани и кралеви, на територијата на Македонија, едно чудо востанија, многу убиства, по некое киднапирање и сè на сè десет дена држава.

Потоа, влијанието на ВМРО опаѓа (меѓу другото и поради дамките на софиските улици), доаѓаат партизаните и ја добиваме оваа денешна Македонија, што се покажа дека не сме кадарни ни да ја „искречиме“, а не, пак, да ја унапредиме.

Ова е кратката историја на создавањето на македонската држава. Сè друго се приказни и бајки, митови и кич-митологии, па макар славеле, не два, туку четири родендена на ВМРО – еден на 23 октомври (старото), втор на 17 јуни (новото), трет Мицкоски кога му рече „Не“ на Мичел (проруското) и четврти кога Мијалков беше исклучен од ОК Центар (реформираното).

Но, мина празникот, да го оставиме ВМРО малку самото со себе. Сè додека нема дамки и по скопските улици и не ни отворат работа за перење на калдрмите од крвта и солзите на новите фракции во организацијата, не гледам причини зошто девет од десет вести на тикерите би биле посветени на расколот во организацијата заслужна за десет дена од седумдесетте и нешто кусур години македонска држава.

Да видиме ние со „кречењево“ до кај сме. Всушност, речиси до никаде.

Колумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e