Сега е историскиот момент за решение на спорот со Грција заради 2 причини

Иако од мои поранешни пишувања може да е јасно сепак заради историскиот момент да повторам дека ова влада и Зоран Заев сега и многу имаат подршка за изнаоѓање на решение за спорот со Грција.

Сметам дека сега е моментот и заради две причини од кои едната е кај страната со која преговараме Грција и едната внатрешна која е поврзана со нас. Ние кои уште не знеме дали и како ќе не биде, но за тоа нешто, за да не биде е многу важно и ова решение. Грција е во поинаква и непропорционална положба од нас пред се заради фактот дека е одамна во ЕУ и НАТО. Таму каде што ние сакаме да бидеме.

А она што го прави овој момент посебен за нас во однос со нив е дека тие имаат неколку отворени проблеми и односи од кои реално лесно можат да го средат само овој што го имаат со нас. Со нив преговори и договори не се никако лесни и затоа можеби најповеќе сведочи историската констатација дека се еден од ретките народи и земја, во Балканот секако, ама и пошироко, која иако изгубила во војните после секоја војна е со проширена територија!

Но, сега и тука тие имаат отворени повеќе работи од кои нашата е најлесна и сега има шанси да бидат барем некаде конструктивни. Кипар и односите со Турција, долгот и односот во и со ЕУ. Швалеранцијата со Русија и односите во НАТО итн.

Од сите овие реално само спорот со нас може да го средат а другото ќе потрае. Така меѓународно кога на Грција некој би му ги наброил сите отворени работи единствената која можат да ја решат е овој со нас, непропорционален и виртуален спор.

Другата внатрешна причина за погоденоста на моментот е наша, кога ние како ретко кога сме смирени и во добри односи со другите околу нас, Бугарија, Косово и Албанија, па и Србија.

Ваквата смирена сардисаност од сите страни освен од една, спрема Грција, е нешто ретко во овој превртлив и нестабилен регион како Балканот и нема гаранција дека ќе потрае оволку погодено. Затоа напред во ЕУ и НАТО, сега и овде! #macedonia2018

Рамадан Рамадани – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e