Сарачини: Кој бега од дебати?

КОЈ БЕГА ОД ДЕБАТИ?

Стварно не разбирам, како тоа Заев бега од дуел? Па нема ни недела дена откако беше на дуел со Мицкоски, и не му беше првпат, неколкупати се сретнаа во овие две години.

Добро е тоа за демократијата. Да има дебати, за разлика од едно време кога немаше дебати. Цела деценија, од пастирот Груевски па надолу, никој од ВМРО ДПМНЕ не одеше на дебати. Наместо дебати, имаше еднонасочна пропаганда и спружување.

Дебатата, драги мои мицковци и груевци, кога веќе ја има, треба да биде значајна и демократска, а не шпанска или турска серија, кој ќе служи за сеирење, плукање, манипулирање на дебатата, за вадење насловчиња по порталчиња и за црна пропаганда.

Идат избори, ќе има дебати, оние кои најмалку им одговараат на мвро-вмро, со мерење секунди, каде не може толку да се упаѓа и лаже, со определени теми за изборна понуда и иднина за граѓаните. Дотогаш, нека одмори Мицкоски малку од нокаутот на претходната дебата, најарно ќе е. А и ние да одмориме малку од политичкиве дебати до кампањата, не ќе е лошо.

ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e