Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:
-Ако по повод претстојниот референдум се формира група на помали партии што се залагаат Македонија да испрати сателит со Јанко Бачев внатре, кој ќе орбитира околу планетата и од високо ќе внимава некој да не ѝ ги загрозува националните интереси на Македонија, дали ќе добијат пари од државниот буџет за кампања? Зошто не? Па, Бачев како сателитски контролор на македонските интереси е подефиниран и пообмислен став и план за референдумот од бојкотот.
Како држава што фатила некое колонче од странскиот печат во рубриката за бизарни вести со самоубиство во затвор преку давење во кофа со вода, Македонија сериозно размислува да отиде уште подалеку во својата бизарност – да биде прва држава што го финансирала сопственото самоубиство.
Самото тоа што експерти дебатираат дали за бојкотирачите на референдумот треба да се одвојат државни пари, зборува дека некој овие заебанции ги сфаќа сериозно. Македонија е како изгубен турист во Лос Кабос, Мексико (место со највисок рејтинг за уличен криминал), кој им дава по сто долари на уличните банди за да го ограбат.
Ако макар еден денар од народните пари заврши во друштвото за самоуништување, тогаш под државниот грб на сите институции не треба да пишува ни Република Македонија, ни БЈРМ, ни вечна, ни северна, туку само онаа легендарна епитафска забелешка: „Сам себе го убијал.“
Колумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја ТУКА.