Сакајќи да придонесеме за да има што поголема транспарентност и да ја минимизираме можноста за да што помалку се злоупотребат јавните пари, не ретко несакајќи навлегуваме длабоко во приватноста на функционерите.
Откако ги добив потребните информации, и дознав зошто патувал во Дубаи , сфатив дека тоа сме го направиле и со Љупчо Николовски .
Јас за другите новинари и медиуми не можам да зборам, но знам за себе дека никогаш не ми е намерата да навлезам во приватност и да предизвикам немир во било кое семејство, без разлика дали се работи за функционер или па обичен граѓанин.
Сепак, по првичните дезинформации кои не беа демантирани на време , имаше сомнежи дека може да има јавен интерес доколку се одговорат неколку прашања , и тие секако ги поставивме .
Како и да е, ароганција од страна на функционерите е недозволива, но и ние новинарите треба да ги провериме информациите пред да ги пласираме .
Значи повеќе внимание од наша страна, поголема искреност од нивна, и секако без ароганција
ФБ статус на Фуркан Салиу