Сѐ ќе заврши во првиот круг

Звучи чудно, но можно е на овие избори сите да победат, некој помалку, некој повеќе. Колумна на Гордан Георгиев за Дојче Веле.

Насловот е намерно контраинтуитивен. Се разбира дека на претстојните претседателски избори нема да се избере претседател во првиот круг, но сето она што е политички важно навистина ќе заврши во првиот круг. Бројките постигнати во првиот круг ќе бидат основа за сите понатамошни политички поведенија на четирите клучни актери на овие во суштина неважни и речиси одвишни избори. Сите засегнати политички групации имаат добри кандидати, и секој од овие кандидати може да „заврши работа“ за секој од натпреварувачите. Звучи чудно, но можно е на овие избори сите да победат, некој помалку, некој повеќе. Да почнеме со ред.

Албанската опозиција. За албанската опозиција овие избори се „да се биде или не”, колку и тоа да изгледа невидливо со голо око. Од тактички аспект, нивната одлука да одат со заеднички (етнички албански) кандидат е одлична. Ако се паметни, опозиционерите од албанскиот етнички кампус многу ќе вложат да имаат успешни избори и нивниот кандидат Блерим Река да се обиде да освои помеѓу 80 и 100 илјади гласа во првиот круг. Тоа е добар капитал и доволно моќна бројка да бараат делегитимација на ДУИ, предвремени избори веднаш и факторизирање кај Заев веќе првиот ден по изборите. Логиката на албанскиот гласач може да биде следна и логична: ќе гласам првиот круг за Блерим Река, не само затоа што е единствен Албанец кандидат, туку и за да им пркосам на ДУИ (и на Заев), а во втор круг ќе го поддржам Пендаровски или ќе останам дома. А истовремено, со добриот резултат од првиот круг ќе му намигнам на Заев дека може слободно да распише предвремени парламентарни избори кога сака, ние сме тука и посилни сме од ДУИ. Јавната поддршка за Стево Пендаровски во вториот круг дополнително би ја „оверила“ и проблематичната прозападна линија на дел од албанската опозиција и нејзино наметнување како сериозен антипод на ДУИ и потенцијален коалициски партнер на СДСМ. Но тоа второ полувреме веројатно ќе го гледаме подоцна во текот на годината.

ВМРО-ДПМНЕЗа главната опозициска партија овие избори не се „да се биде или не“. Но за Христијан Мицковски тие секако се. Целата предизборна конструкција моделирана во стратегијата на опозицијата е всушност обид на Мицковски и раководството да ги преживеат овие избори и да го зацврстат сопственото владење во партијата, чекајќи ги следните парламентарни избори со релативно солиден политички капитал. Веројатно нивната проценка е дека тој капитал би се движел помеѓу 350 и 400 илјади гласа, бројка која веројатно би била инфлатирана во однос на реалната моментална сила на ДПМНЕ, но изборот на кандидатка која може широко да ја фрли мрежата им овозможува вешто прикривање на лошата состојба и отвореното фракционерство во која се наоѓа партијата. Со над 350 илјади гласови, и покрај извесниот пораз во вториот круг, Мицковски ќе се обиде да ги неутрализира фракциите и повиците за политички линч, веројатно веднаш ќе повика на предвремени парламентарни избори и ќе биде многу, многу здодевен во таквото инсистирање. Ваквиот развој на настаните нема да ја отрезни македонската опозиција и нема да ја направи поконструктивна, а условно кажано реформаторските сили во партијата дополнително ќе ги маргинализира или претопи во партиската маса.

ДУИ. За вечниот партнер во сите влади првиот круг од овие избори ќе биде утринското перде зад кое ќе се покрие грдото лице на ноќната убавица. ДУИ ќе прогласи победа на овие избори и дури ќе има легитимно право да ја прогласи. Ем нема да мора да си ги покаже нозете, ем ќе се перчи со победата на (се разбира лажниот) концепт за консензуален кандидат. Ем, како трето, (повторно лажно) ќе претендира дека за првпат една албанска партија отишла отаде етничките меѓници и поддржала над-етнички кандидат. Волкот ќе биде сит, овчарот изеден, а овците нема да има кој да ги брои.

Колумната во целсот прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e