Казната затвор од 9 години за поранешниот помошник министер за финансии во МВР е најголемата практична вежба за она што Груевски порано го нарекуваше “етика” за која држеше масовна проповед на Саем.
Наравоучението од оваа казна е дека, работењето по закон е најголем заштитник за секој носител на функција.
Денес, во Суд со Поповски не беа ниту неговите наредбодаватели, ниту оние чиишто желби исполнуваше.
Тој сам ќе го носи товарот што прифати да го носи, мислејќи дека неговите “ќе возат” 100 години.
#ВажиЗаСите – напиша на Фејсбук, потпретседателката на Собранието на Р.Македонија и на СДСМ, Фросина Ременски.