Ременски: Доаѓа време за испорака на мотото “Одговорност мора да има” и “Никогаш да не се повтори!”

Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !

Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира !

Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите !

Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !

Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: “Одговорност мора да има” и “Никогаш да не се повтори!”.

Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата.

Борбата продолжува !
ФБ статус на Фросина Ременски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e