Рејтинзите се лоши, на Мицкоски е со „негативни изгледи“

Вистинско чудо е како СДСМ сè уште води во анкетата на Телма/МЦМС, макар и со минимална предност, пред ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на целата општествено-економска катастрофа што се истури пред прагот на оваа власт во последната, оваа, година. Не познавам никого кој не е од нешто незадоволен годинава, а сите се, во помала или поголема мера, подуплашени за сопствената (благо)состојба, за своите блиски и за општите состојби во државата. Не знам дали е некаква утеха што истото се случува насекаде наоколу, до каде ти фаќа погледот на географската карта на светот.

Од друга страна, личниот рејтинг на Заев во јавноста бележи нешто под 40% поддршка во македонската јавност. Не ме мрзеше, па земав малку да компарирам (https://morningconsult.com/form/global-leader-approval/): минатата недела, на пример, кога се систематизирани и податоците од последнава анкета кај нас, рејтингот на поддршка на шпанскиот премиер Педро Санчез е 36%, Ангела Меркел во Германија ја поддржуваат 59% од испитаниците, италијанскиот премиер Џузепе Конте ужива моментна поддршка од 56%, Борис Џонсон (кој штотуку објави трговски договор со ЕУ во рамките на Брегзит) бележи 38% поддршка, а францускиот претседател во моментов го „сакаат“ само 32% од испитаниците во Франција… Последниот податок за Бојко Борисов е од пред повеќе месеци (според анкетата на bnt.bg поддршка од 40%), но од тогаш, со оглед на аферите и протестите во Бугарија, таа сигурно е падната… За Еди Рама не успеав да најдам актуелен податок, како ни за српскиот претседател, но со оглед на убедливата победа на Вучуќ на последните избори годинава во Србија, не би се изненадил неговиот личен рејтинг во српската јавност да е повисок и од оној на Меркел.

Со други зборови, и овој меѓународен контекст, илустрира дека лично Заев значително ги натфрлува перцепциите за работата на неговата партија и на неговата Влада во нашето депресивно секојдневие. Поддршката на првите 100 дена од работата на Владата, со оценка од 2,46 (од можни 5), е далеку од импресивна и веројатно ја одразува фифти-фифти поделеноста во општеството околу оваа власт. Пораката од јавноста е јасна: Владата (и СДСМ во неа!) ќе мора да вложи уште многу енергија за да дојде до „преодната“ оценка од 3, што би бил можеби некаков одржлив политички рејтинг за стабилно функционирање во 2021.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e