Преспанскиот договор резултираше со смена на Ципрас, но не и на Заев.
Грција ниту изгуби, ниту доби нешто суштествено. Затоа на нивните избори националистичката пропаганда имаше успех, но после изборите ништо не сменија по тоа прашање. Тука се виде дека и кај нас би било исто.
За разлика од Грција, Македонија имаше многу придобивки: се одглави од стагнацијата, влезе во НАТО, доби датум за преговори со ЕУ, стана по привлечна за странските инвеститори, меѓународната поддршка беше изразена од лидерите на европските земји, а граѓаните ја увидоа разликата од земја во криминален режим и слободна земја, без конфликти и со зголемен животен стандард. И сево ова за 3 години. Затоа немаше простор за победа на празните националистички реторики, но сепак загрижува бројката гласови дадена за неофашистичките привезоци на десницата.
И Заев и Ципрас се херои на своето време, со или без втора шанса на политичката сцена. Секој прогресивен граѓанин го сфаќа тоа.
Но, сега е време за жестока и тешка борба со предизвиците кои следат: задржување на државата на курсот кон ЕУ, справување со последиците од Ковид 19, воспоставување на концептот Едно општество за сите, одговарање на прашалниците од пристапните поглавја и создавање правна држава, која е клучна во преговорите со ЕУ.
Граѓаните дадоа глас за европска Македонија. Затоа следната влада не смее да остави простор за враќање назад.
ФБ статус на Јасмин Реџепи