Рационализација

Ја разбирам потребата на владата да ги објаснува кафеанските тошоци на своите министри, но објаснувањата повеќе говорат за комуникациските слабости на владата отколку за нејзината спремност да се изложи пред интересте на јавноста.

Транспарентноста не е алатка за фасцинација на простата маса и за забошотување преку таа фасцинација, туку е алатка за контрола и рационализација на трошоците.

Зошто секоја будала чиј газ дошол во допир со некоја државна фотеља мора да добие право да ждере на државна сметка ко стока!?

До најодвратен можен невус!?

Зошто мочаните кафиња не си ги плаќаат од своите џебови.

Може ли во целата влада да нема повеќе од три четири кредитни картички со вкупен дозволен минус од илјада евра месечно!?

Не е ли подобро да нема ниту една!?

Се занимава ли секретарот на владата со дневна контрола на трошаџиите и што презема ако трошокот минува секој разумен износ!?

И така натаму.

Поврзано со ова, размислува ли владата да преземе активности за укинување на институтот апанажа!?

Размислува ли владата да покрене постапка за укинување на институцијата бивш претседател на Република Македонија со укинување на сите бенефиции, од обезбедувањето и личниот персонал, до финансиите за извршување на нивните бесмислени дејности!?

Бранко Тричковски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e