Пссст… претседателот очекува членство во НАТО!

Ако денот се познава по утрото, а годината по првиот ден, нè очекуваат поведри денови. Првото дете што се роди во 2019 една минута по полноќ се вика Ведран, а првите три дена беа сончеви и благопријатни, иако студеникави. Добар знак за почеток среде зима со најава на снег што е бериќет и денови на поларен студ што е здравје и смрт на вирусите и бацилите.

Претседателот на заминување Ѓорге Иванов во Кичево пред војниците на АРМ кажа нешто што ме натера да се штипнам, да проверам дали сонувам или го слушам на јаве, врховниот виновник и попречувач на иднината на државата кога рече: „Очекувам оваа година конечно да ја добиеме поканата и да станеме членка на НАТО“. Кажа што кажа и по војничкото гравче замина да ги преспие и последните пет месеци во мечкината дупка на Водно каде што преседе цели десет години изгубен во времето и во просторот.

Koлумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e