Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:
Груевски ќе мора да оди в затвор. Сигурно ќе инсистира на тоа да се смета за жртва. И ќе продолжи да го цитира нобеловецот Иво Андриќ.
Пред некој ден Груевски напиша: „Кутар е оној кој мора некого да понижи за себеси да се воздигне“.
Супер цитат избрал човекот што нарачуваше по два-три шамари од појаките, рушење на згради со динамит да не го тупиме, се потсмеваше со политичкиот противник дека му течело низ ногавици… Да не е многу? Кога веќе го цитира Андриќ, нека не го заборави и следниов цитат: „Доаѓа време кога паметните ќе замолчат, будалите ќе прозборат, а фукарата ќе се збогати“. Тоа е времето на Груевски.
И уште трае. Збогатените фукари ни одлежаа, ниту пак парите ги вратија.
K0лумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја ТУКА.