Пролетните планови на Мијалков

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

-„Саше се враќа на пролет. Договорено е.“ – тоа е пораката што вчера ја добија голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ. Што може да значи оваа порака? Тајмингот на пораката се совпаѓа со јавниот притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да го соопшти својот став околу референдумот. Но, пораката има и повеќе други намени. По најновата чистка во високите раководни кругови, кога се потврдија информациите дека партијата е во распад, многу е важно да се појави некоја обединувачка фигура.

Очигледно, Мицкоски не брка многу работа. Колку и да вика по ходници по своите потчинети солдати. Колку и да се труди да биде радикален (и здодевен), тој и неговиот тим за односи со јавноста не успеваат да ги сопрат последиците од поразот на режимот, раздорот и разногласието, особено непослушноста што, инаку, е невообичаена состојба за партијата.

Поткревање на партискиот морал

На Фамилијата во овој момент очајно многу им е потребна моќна фигура, некоја што влева стравопочит и која е доволно богата да ги разбуди апетитите за добивка. Никола Груевски е презафатен со парадирање на пистата пред Кривичен, изгледа уморно и истоштено од сето преслушување на снимките во предметите на СЈО против него.

За сега, батето нема толку густа агенда, па има време да се појави и во Лофт, заедно со својот ентураж и со син му, па да лумпува до ситни саати. Останува отворено прашањето дали Мијалков навистина е толку безгрижен и убеден во својата недопирливост или тоа е, сосе вчерашната порака до членството, обид за поткревање на урнисаниот партиски морал во пресрет на големите одлуки… а среде распад на системот… А можеби и реална амбиција да застане на партиското кормило…

Тоа повлекува и прашање дали со тоа се согласил неговиот братучед, Никола Груевски. Или тој одамна е шкартиран и ставен на лента што води кон Идризово?

Работата дојде дотаму што сега за моќниците во оваа партија е многу важно да го убедат своето членство дека нивниот најбогат и најмоќен член е во милоста на власта. Како поинаку, ако не дека е договорено негово враќање. Зошто напролет? Можеби овие структури се надеваат (и планираат) дека по референдумот ќе се создадат тензии, можеби и политичка криза, па дека заедно со претседателските, ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e