Знам дека сите, наоѓајќи се на крајот на силите, психички, физички, финансиски, со нетрпение очекувавме почеток на разлабавување на рестриктивните мерки. Јас дури и јавно изразив надеж, пред ден-два, дека кон средината на мај можеби и полицискиот час ќе се укине…
>А истовремено, ги имав пред себе бројките од 3 мај наваму. И тоа бројките на хоспитализираните од ковид-19.
Јасно е дека бројот на регистрирани случаи (вкупно позитивни асимптоматски и позитивни симптоматски) не е точен одраз на вистинската состојба. Тој дефинитивно е зависен од бројот на земени тестови!
Бројот, пак, на оние на кои им треба хоспитализација не може да се штелува. И бројот на умрените… За епидемиологијата, тие се поверодостојни показатели.
Од 1 случај на 3 мај, бројот скокна на 7 на 4 мај, 5 на 5 мај, 8 на 6 мај, 4 на 7 мај, на 8 мај бројот е 9 хоспитализирани случаи и вчера, 9 мај, тој број е 6.
Дали е ова случајна варијација кон горе?
Постои ли причинско-последична врска со одредени неодамнешни „епидемиолошки важни настани“ (како што стручно ги нарекуваме масовните дружби и собири)? Или е во прашање само (статистичка) корелација?
Ќе покажат наредните денови. И анализите на екипите од ИЈЗ што се денес излезени на терен. За среќа, бројот на починати стагнира. Што е добар знак!
И така, на некој начин пак сме на почетокот. Како Сизиф… Се опуштивме ли премногу? Зошто се опуштивме? Зарем не се работи за проблем што сите нè засега, без разлика на нација, политичка боја?
Kолумната на проф. д-р Драган Даниловски за Доктори.мк во целост прочитајте ја ТУКА.